ХОРОР ВО ЖИВО: Возач намерно срушил автобус во река и убил 21 лице! (ВИДЕО)

јули 15, 20201min
pjimage_2

Полицијата во Кина изјави дека едниот возач намерно го срушил автобусот кој го возел во реката, предизвикувајќи смрт на 21 лице во Аншун, во југозападниот дел на Кина.

На видеото се гледа автобус кој врти нагло, преминува пет сообраќајни ленти, ја пробива заштитната ограда и паѓа во вода. Во таа несреќа беа убиени 21 лице, додека 15 лица беа повредени.

Возачот, за кого полицијата само изјавила дека презимето му е Жанг, е меѓу загинатите. Сè се случи на 7 јули, но снимката од грозоморната несреќа штотуку е објавена. Според кинеските медиуми, по враќањето дома, возачот открил дека неговиот дом е уништен како дел од работите на еден проект за реконструкција.

  • „Жанг беше незадоволен од неговиот живот, како и од фактот дека куќата што ја изнајмил е уништена“ – се наведува во соопштението на полицијата од Аншун.

Полицијата додаде дека возачот купил алкохол пред да дојде на смената и го истурил во пластично шише и дека е виден како пие од тоа шише непосредно пред несреќата.