Историски момент! Најстарата фабрика на светот ќе произведува само електрични автомобили!

јуни 29, 20202min
avtomobil

Една од најстарите фабрики за автомобили во светот, која работи од 1904 година, деновиве доживува историска трансформација.

Фабриката на Volkswagen во источногерманскиот град Цвикау, со произведени повеќе од 9,5 милиони автомобили кои имаа мотори со внатрешно согорување, во иднина ќе произведува само електрични автомобили за Volkswagen, Ауди и SEAT.

Последниот произведен пример на неелектричен автомобил беше караван верзија на седмата генерација Golf R. Со тој автомобил, вкупниот број на возила произведени во Цвикау од 1904 до 2020 година е околу 9 ипол милиони.

Volkswagen има произведено точно 6.049.207 возила од 1990 година. Пред тоа, фабриката произведуваше автомобили со следниве ознаки: Horch (1904 – 1940), Audi (1910 – 1940), DKW (1931 – 1942), IFA (1949 – 1955), AWZ (P70) и Sachsenring (P240) (1955- 1959) и секако најпознатиот Trabant(1957-1991).

Volkswagen ја превзема фабриката во 1990 година и ги произведе моделите на Polo, Golf, Golf караван, Passat i Passat караван, кој потсетува на Quattroruote. Новиот модел што веќе излегува од производните линии на фабриката е електричниот ID.3, а во блиска иднина ќе му се придружат ID.4 и електричните модели на Audi и Seat.

Планираниот производствен капацитет на фабриката со 8000 вработени за следната година е 330.000 возила. А кога ќе заврши трансформацијата од 1,2 милијарди евра, Цвикау ќе произведе шест модели за три марки, засновани на  MEB платформата на Volkswagen.