Како крадци украдоа Bentley Continental? (ВИДЕО)

јуни 29, 20201min
13379974475ef9f699c324c859946466_v4_big

Интересна сцена ни доаѓа од Соединетите држави.

Според американските медиуми во Холанд, Мичиген, крадците провалиле во изложбен салон на автомобили и украле „Hyundai Palisade“, „Genesis G70“, „Chevrolet Impala“ и „Ford Fusion“.

Тоа не беше доволно за нив, па затоа „скокнаале“ до следниот изложбен салон „European Autohaus“, лесно ја обиле вратата и влегле внатре каде што најдоа Bentley Continental GT.

Она што било зачудувачко е моментот кога со Bentley-то излегле низ вратата на салонот, и бидејќи тоа не поминало како што замислувале, полицијата успеала да стигне на местото пред крадците да избегаат.

Брканицата започнала, а тие во нивниот Ford Fusion не стигнале далеку и наскоро биле уапсени. Според понатамошниот извештај, во период од две недели украдени се повеќе од 36 автомобили.