Кралската фамилија во сѐ поголем страв дека ќе се откријат тајните кои ќе ги ПОСРАМОТАТ: „Мадам“ на милијардерот и педофилот живеела во луксуз додека се криела од полицијата

јули 5, 20204min
210159283-c3105e45-01ba-457f-b9e3-440f9e53823c

Богаташката од Велика Британија, Гислан Максвел, беше уапсена во четвртокот под обвинение дека регрутирала малолетни девојчиња за нејзиното поранешно момче, американскиот милијардер Џефри Епстин, кој сексуално ги злоупотребувал и ги проституирал на неговите богати клиенти.

Максвел е обвинета за употреба на „предаторски техники“ – најпрво би се дружела со девојчињата, а потоа ќе ја искористела својата доверба за да ги проституира на осудениот педофил Епстин, кој почина во затвор минатиот август додека чекаше судење за истите злосторства.

Во обвинението се тврди дека од 1994 до 1997 година, таа измамила три неименувани девојчиња, од кои најмладата имала само 14 години. Иако сè уште не се огласила, таа претходно ги негираше тие обвинувања.

Апсењето на Максвел може да биде голем пресврт во случајот против Епстин. Жртвите на починатиот финансиер и нивните адвокати тврдат дека тој не можел да разработи шема за трговија со малолетни девојчиња без помош од соработници. Максвел со години била главна фигура во таа шема, според судските изјави на бројни жртви на Епстин, од кои најгласма беше Вирџинија Робертс.

По неколкумесечните шпекулации за нејзиното место, Максвел беше уапсена во четвртокот наутро во Њу Хемпшир. ФБИ не кажа колку долго ја следеле Максвел и каде се движела.

Епстин, наводно, имал неколку асистенти кои регрутирале девојчиња. Некои од овие жени велат дека биле жртви на злоупотреба и самите, па обвинителите се соочуваат со сложено прашање дали да покренат обвиненија против нив. Максвел никогаш не пријавила дека Епстин ја злоупотребувал, а по раскинувањето со него, таа останала во неговиот најблизок круг пријатели.

Гислан Максвел и актерот Кевин Спејси

Максвел е обвинета за шест дела: заведување малолетни лица за незаконски сексуални активности, превезување малолетни лица со намера да се занимаваат со сексуална активност, две точки за заговор поврзани со претходни обвиненија и две точки за обвинение за лажење под заклетва за време на сослушувањето во 2016 година во случајот против Епстин.

Клучна работа што нејзиниот притвор ќе донесе е да ги расветли злосторствата што се случија во текот на 90-тите години.

Обвинението против Епстин содржи низа обвиненија дека од 2002 до 2005 година, тој ги измамувал и сексуално злоставувал девојчиња во неговите резиденции во Њујорк и Палм Бич.

Наводните злосторства на Максвел се случиле во средината на 90-тите години кога таа била во тесна професионална и лична врска со Епстин.

Принцот под притисок

По смртта на Епстин, која беше обележана како самоубиство, сите претпоставуваа кои имиња ќе излезат за време на судењето, бидејќи богатиот човек беше опкружен со моќни пријатели за време на неговиот живот, вклучувајќи ги и американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон и британскиот принц Ендру.

По апсењето на Максвел, помладиот син на британската кралица Елизабета се најде во центарот на вниманието повторно и под притисок да даде изјава за ФБИ. Обвинителите, кои детално го презентираа обвинението пред медиумите, повторно го повикаа принцот Ендру да контактира со нив.

Извор близок до принцот рече дека неговите адвокати двапати комуницирале со Министерството за правда на САД во последниот месец.

Британскиот принц никогаш не го криел своето пријателство со Максвел, ниту пак дека го запознала со Епстин. Тој се најде во центарот на скандалот кога Вирџинија Робертс јавно изјави дека била принудена да има сексуални односи со него кога имала само 17 години.

Иако тој ја негираше вината, се зголемуваа доказите за блиската врска меѓу него и Епстин, дури и откако финансиерот беше осуден за педофилија во 2007 година. Принцот Ендру мораше да се откаже од своите кралски должности поради скандалот.

Сега сите чекаат што ќе се случи по „падот“ на Максвел и дали конечно „пимпот од високото општество“ конечно ќе го разоткрие принцот.

Под радарот, но во луксуз

Гислан Максвел, ќерка на британскиот тајкун Роберт Максвел, успеа да се скрие во луксузот за време на сите осум месеци додека се криеше од полицијата. Според „Дејли мејл“, таа отишла до „екстремни граници“ во обид да остане под радарот.

Имотот на кој се криела Максвел

Таа беше уапсена во вила вредна милион долари, која ја купила во декември минатата година, но ја платила во готово за да ги покрие доказите. Пред тоа, таа ја менувала локацијата цело време.

Исто така, ги поделила сите свои пари помеѓу 15 различни банкарски сметки, чиј вкупен биланс се движел од неколку стотици илјади долари до 20 милиони.

Не се знае колку долго ја следеле ФБИ. Како што се наведува, таа нема да може да биде пуштена со кауција заради поседување на три пасоши и „меѓународниот животен стил“, поради што постои голем ризик таа да избега од земјата.

Таа се соочува со затворска казна до 35 години.