Летото нема да биде крај на пандемијата: „Постојат неколку причини зошто сѐ уште имаме многу случаи“

јули 5, 20201min
252828923

Кога беше прогласена пандемијата на коронавирус, многу експерти за заразни болести се надеваа дека Ковид-19 веројатно ќе исчезне до лето, односно дека ќе се однесува слично на сезонскиот грип што обично исчезнува со топлото време.

Многу експерти првично изразија оптимизам дека потоплото време може да го убие вирусот.

Сепак, бројот на заразени лица во земји низ целиот свет започна да расте во јуни, а здравствените власти предупредуваат дека единствениот начин за борба против ширењето на инфекцијата е да се следат препораките на експертите, како што се социјалното дистанцирање и носењето маска за лице.

„Досегашните докази сугерираат дека вирусот што предизвикува Covid-19 може да се пренесе во сите временски услови“, изјави д-р Вилијам Шафнер за „Фокс њуз“, професор по медицина од универзитетот „Вандербилт“ и директор на Националната фондација за заразни болести (НФИД).

  • „Без оглед на временските услови, најдобриот начин да се заштитите е да ги миете рацете често, да останете дома, да практикувате социјално дистанцирање и да носите маска ако излезете надвор“ – додаде тој.

Д-р Џон Вајт, главен медицински службеник на клиниката WebMD, исто така, истакна дека топлината и влажноста не се пријатели на респираторниот вирус, но тие не влијаат на Ковид-19.

  • „Првично, мислевме дека Ковид-19 ќе дејствува слично како вирусот инфлуенца, односно дека потоплите температури можат да ја „задушат“ епидемијата на грипот, како и повеќето респираторни вируси. Топлината и влажноста не се пријатели на респираторниот вирус. Сепак, почнавме да се сомневаме во тоа кога видовме појава на многу случаи во региони во светот кои беа многу топли во март и април, како Индија, Австралија и Иран“ – вели тој.

„Постојат неколку причини зошто веројатно сè уште имаме многу случаи“, вели Вајт.

  • „Корона вирусот може да не е сезонски, како грипот. Покрај тоа, овој вирус има висока стапка на пренос, па дури и во услови што не се толку поволни, тој сепак ќе се рашири“ – додаде д-р Џон.

За потсетување, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека потоплото време нема никаков ефект врз Ковид-19, истакнувајќи дека вирусот сè уште може да се шири „без оглед на тоа колку е сончево или топло времето“.