Најголемиот проект во историјата на цивилизацијата – Светот ќе добие вештачко сонце!

јули 31, 20201min
Screenshot_2_1000x0

На југот на Франција, во вторникт, започна изградбата на најсложениот систем во историјата на нашата цивилизација – ИТЕРА, што ќе трае во наредните пет години.

Станува збор за тежок научен проект, вреден 20 милијарди евра, со кој се планира да се создаде реплика на процесите што се одвиваат внатре во Сонцето, поточно, кој има за цел да овозможи создавање на енергија со помош на нуклеарна фузија, и што, се надеваат научниците, би можело да биде комерцијално употреблив, пишува Гардијан. Имено, тоа е неограничен извор на чиста енергија, но за што нашата цивилизација не најде начин да ја искористи изминативе 60 години, заради големите технички предизвици што ги бара ваквиот настој.

Сон стар 60 години

Реакцијата на фузија е навидум едноставна: на пример, водородните изотопи деутериум и тритиум се комбинираат за да формираат хелиум и неутрон. За да се случи ова, горивото мора да биде во состојба на плазма, т.е. мора да се загрева на повеќе од 150 милиони Целзиусови. Понатаму, за да се поврзе јадрото, плазмата со доволна густина мора да се задржи доволно долго без контакт со ѕидовите на садот во кој се наоѓа.

Ова се постигнува со помош на силни магнетни полиња во т.н. магнетни шишиња или токамаки дизајнирани од руските физичари, Андреј Сахаров и Игор Там врз основа на идејата на Олег Лаврентиев.

Чудо за планетата

Почетокот на фазата на составување на системот го одбележаа и францускиот претседател Емануел Макрон и јапонскиот премиер Шинзо Абе, чија земја учествува во овој проект заедно со Европската унија, Соединетите држави, Велика Британија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Русија.

„Ако овозможиме употреба на чиста енергија, тоа ќе биде чудо за нашата планета. Но, мора да бидете свесни дека составувањето на овој систем ќе биде исклучително комплексен процес за време на кој треба да бидеме прецизни како швајцарскиот часовник“ – изјави директорот на проектот ИТЕР, Бернар Бигот.