НЕ СМЕ СВЕСНИ ШТО НЕ ЧЕКА: Светската здравствена организација и се обрати на планетата, оваа зима ќе биде сурова!

септември 17, 20201min
wqw_1000x0

Светската здравствена организација предупреди денес дека COVID-19, болест предизвикана од новиот вирус корона, се шири со загрижувачка брзина во некои делови на северната хемисфера, на неколку месеци од сезоната на зимски грип.

  • Почнуваме да гледаме загрижувачки трендови во некои земји, рече Марија Ван Керхове, технички директор на СЗО за COVID-19, за време на веб-емисијата на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.
  • Забележуваме зголемување на бројот на хоспитализации во единиците за интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови на САД. Ова е загрижувачки, бидејќи сезоната на грип сè уште не е започната, рече Ван Керхове.

Ван Керхове изјави дека бројот на хоспитализации на лица на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со COVID-19, се зголемува во неколку земји.

Мајк Рајан, главен експерт за итни случаи на СЗО, ги советуваше луѓето со висок ризик од инфекција со COVID-19 да се вакцинираат против грипот.