Ни Путин не им помогна: Кризата ги зафати руските богаташи, најголемиот губитник остана без 5 милијарди долари! (ВИДЕО)

јули 4, 20201min
гфгд

Вкупната нето-вредност на најбогатите Руси според индексот за милионери „Блумберг“ (ББИ) падна за вкупно 31,81 милијарди долари во првата половина на 2020 година.

Индексот, кој вклучува 500 најбогати луѓе во светот, моментно вклучува 24 руски државјани, при што пресметаната нето вредност е заснована врз основа на анализа на нето-вредност за секој поединец.

Шест руски милијардери, меѓу кои и Алишер Усманов, Михаил Прохоров, Сулејман Керимов, Вјачеслав Моше Канто, Андреј Уryуријев и Сергеј Галицки, успеаја да го задржат и дополнително да го зголемат своето богатство, зголемувајќи ги износите помеѓу 44,4 милиони и 669 милиони долари.

Другите се соочија со загуби во опсег од 184 милиони долари, што важи и за Дмитриј Риболовлев, професионален инвеститор и сопственик на фудбалски клубови, додека загубата од 5,76 милијарди долари ја забележа Леонид Микелсон, претседател на одборот на Новатек.