Новиот iPhone ќе има нов додаток, но сепак тој нема да биде вклучен „во пакетот“ со телефонот

јуни 29, 20201min
iphone-12-815x458

Неодамна протечената информација дека новиот iPhone 12 ќе има брз полнач од 20W, штотуку ја доби својата потврда. Имено, „Appple“ го потврди ова со поднесување на барање за сертификација на нов полнач во неколку земји, пишува „Forbs“.

Факт е, сепак, дека клиентите ќе треба да го купат новиот полнач одделно од телефонот. Експертот за Apple, аналитичарот Минг-Чи Куо, тврди дека новите модели на iPhone, покрај слушалките, може да имаат само кабел за полнење во пакетот.

Минг-Чи Куо сугерира дека таквата одлука е донесена за да се намалат трошоците и високата цена за спроведување на 5G технологија, и може да има мотив за подобрување на животната средина со таквата одлука.

Новиот брз полнач е огромен чекор за Apple, бидејќи iPhone 11 имаше полнач од 5W.

Според „Engadget“, еколозите сметаат дека вклучувањето на адаптери во пакувањето на телефони претставува губење на ресурси, бидејќи многу корисници имаат полначи од претходните телефони или ги полнат своите уреди преку компјутери.

Покрај тоа, новата вест е дека iPhone 12 ќе се продава по 50 долари пониска цена од неговиот претходник. Сепак, тоа не е новост, заклучува „Forbs“, бидејќи новиот брз полнач ќе ги чини идните купувачи 30, а USB-C кабелот за поврзување со телефонот (ако не е дел од пакетот), уште 19 долари.