ОТКРИЕНА ИЛЕГАЛНА ФАБРИКА ЗА РУСКИ ХЕЛИХОПТЕРИ КА-26! Сопственикот имал лудо објаснување, но полицијата сметала поинаку !

јули 4, 20202min
2267445_moldavska-policija-ka26_ls

Молдавската полиција откри нелегална фабрика на подрачјето на градот Крулени, каде беа произведени руски хеликоптери, советски тип КА-26.

  • Неколку месеци полицијата ги следи нелегалните активности на добро организирана група на луѓе специјализирани за производство на хеликоптери, соопшти локалното Министерство за внатрешни работи.

Леталата, направени во тајност, требаше да бидат извезени во земјите од поранешниот Советски сојуз.

Полицијата открила најмалку 10 вакви летала, во различни фази на производство. Повеќето од уапсените се од Молдавија. Доколку бидат осудени, би можеле да се соочат со 3 до 10 години затвор.

Зад сево ова стои извесен Јури Чебан, кој тврди дека ова се само модели на хеликоптери. Тој вели дека поседува неколку патенти и дека хеликоптерите требало да бидат изработени за да се произведат делови за леталата, врз основа на кои создал патенти. Тој е убеден дека не прекршил ниту еден закон. Тој негираше дека станува збор за сериско производство, но дека ги тестира своите патенти на тој начин.

  • Да речеме дека најдов решение за технички проблем што се случил на хеликоптерот. Затоа, мора да го тестирам во пракса за да видам дали сум во право, се бранеше тој.

Доколку утврди дека успешно го решил техничкиот проблем, ќе го патентирал по тестирањето, затоа што, како што вели, така заработувал за живот.