дома Свет Поранешна љубовница на кралот: „Ми се заканија со судбина како на принцезата...

Поранешна љубовница на кралот: „Ми се заканија со судбина како на принцезата Дајана“

Дека одмаздата на оставена жена е она од што повеќето мажи стравуваат, почувствува и поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос, откако „Paris Match“ објави интервју со неговата поранешна љубовница Корина Ку Саин-Витгенштајн, која со години е вистинска мистерија за сите европски медиуми кои се обидоа да го откријат нејзиниот идентитет.

Во интервјуто за „Paris Match“ таа открива и детали досега непознати за јавноста, кои Корина ги чуваше за себе сиве овие години. Според нејзината приказна, кралот Хуан Карлос наводно ѝ открил среде нивната најголема љубов дека се плаши за неговата иднина, како и од плановите што ги имаат неговите непријатели за да го уништат. Меѓу неговите непријатели, на прво место ја стави неговата сопруга кралицата Софија, која ја обвини дека сторила сè за да го постави на тронот нејзиниот син Фелипе, сегашниот шпански крал.

Според Корина, поранешната кралица е исклучително голема манипулаторка која сакала да го контролира кралството, и отсекогаш имала многу поголемо влијание врз нејзиниот син отколку врз нејзиниот сопруг.

Во едно интервју, новинарот на „Paris Match“ се осврна и на намерата на кралот да се ожени со неа еден ден, но и на бегството во Абу Даби. Корина отворено одговори на ова и истакна дека всушност кралот Фелипе и неговата сопруга кралицата Летиција се виновни што не донеле добра одлука.

  • За време на целата криза, кралското семејство требаше да остане заедно. Испраќањето на поранешниот крал, кој е во лошо здравје, во егзил, во средина на пандемијата на корона вирусот, е целосно неодговорно, смета Корина

Поранешната љубовница на кралот Хуан Карлос призна дека започнале да ја прогонуваат по откривањето на нивната афера, а исто така тврди дека се обиделе да ја замолчат заканувајќи и се со судбината на принцезата Дајана. Заради сето тоа, вели таа, сметала дека 65 милиони евра што ги добила од поранешниот шпански крал се дарежлив подарок и признание за тоа колку таа му значи, и покрај фактот што тој ги побарал тие пари назад две години подоцна.

Хуан Карлос, поранешен 82-годишен шпански крал, е во брак со кралицата Софија од 1962 година, а неговата љубовна врска со Корина, деловна жена родена во Данска, траеше од 2004 до 2009 година. Нивната романса беше сензационално откриена во 2012 година, кога Хуан Карлос го скрши колкот додека ловеше слонови во Боцвана, па мораше да се врати од патувањето на кое потоа беше придружуван од Ку Саин-Витгенштајн.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320фановиLike

Прочитајте повеќе

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО АВИОН! Уапсена жена поради предизикување на инцидент, СЕ ПОРАДИ МАСКА! (ВИДЕО)

Масовна тепачка изби во авион на летот од Њу Џерси до Порторико затоа што некои патници не носеле маски. Инцидентот се случил откако слетал во...

Познати мистерии скриени во Которскиот залив

Пред Пераст има два острови - Св.Ѓeорѓи и Пресвета Богородица на Скрпела. Во првата половина на 17 век се случиле две разорни работи: прво...

КОМПАНИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ ПРОТИВ КОВИД веќе заработи 900 милиони долари: Тие станаа профитабилни и остварија голем профит

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се зарази со ковид-19 на почетокот на октомври, доби ремодесивир за пет дена, како и други лекови. Антивирусниот ремдесивир  веќе...

Во Европа се шири нова врста на коронавирус: Научниците открија од каде потекнува и зошто се шири толку брзо

Верзијата на коронавирусот, која се шири од шпанските земјоделски работници ширум Европа од летото, сега претставува најголем дел од новите случаи на ковид-19 во...

Слични вести

Девојче имало откажување на бубрезите и црниот дроб затоа што била на строга диета

Седумнаесетгодишната Медисон Фолкнер од Белфаст минатата година тежеше само 40 килограми по една година строга диета за која сама изготви план за исхрана. Се состоеше...

Познати мистерии скриени во Которскиот залив

Пред Пераст има два острови - Св.Ѓeорѓи и Пресвета Богородица на Скрпела. Во првата половина на 17 век се случиле две разорни работи: прво...

КОМПАНИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ ПРОТИВ КОВИД веќе заработи 900 милиони долари: Тие станаа профитабилни и остварија голем профит

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се зарази со ковид-19 на почетокот на октомври, доби ремодесивир за пет дена, како и други лекови. Антивирусниот ремдесивир  веќе...

Во Европа се шири нова врста на коронавирус: Научниците открија од каде потекнува и зошто се шири толку брзо

Верзијата на коронавирусот, која се шири од шпанските земјоделски работници ширум Европа од летото, сега претставува најголем дел од новите случаи на ковид-19 во...

Првиот трејлер од филмот за Дејвид Боуви (ВИДЕО)

Почетокот на кариерата на Дејвид Боуви е во фокусот на новиот биографски филм наречен „Stardust“. Славниот музичар го толкува Џони Флин, а во филмот играат...