ПРВИОТ ЧОВЕК НА СВЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА: „Сè уште не знаеме дали коронавирусот остава долгорочни последици“

септември 16, 20201min
ед

Потенцијалните долгорочни последици од ковид-19 сè уште не се познати, особено кога станува збор за деца кои се опоравиле од оваа болест, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреизус, на прес-конференција во Женева во вторникот.

„Ние знаеме дека децата и адолесцентите можат да бидат заразени и дека можат да заразат други. Ние исто така знаеме дека овој вирус може да биде смртоносен за децата, но исто така и дека тие обично страдаат од полесна форма на болеста. Би сакал да истакнам дека има многу малку тешки и фатални случаи од ефектите на ковид-19 кај деца и адолесценти “, рече првиот човек на СЗО, како што објави Тасс.

Децата страдаат на други начини

„Податоците што ги имаме укажуваат на тоа дека помалку од десет проценти од регистрираните случаи и помалку од 0,2 проценти од смртните случаи се забележани кај лица на возраст под дваесет години.

Тој додаде дека во секој случај, потребни се дополнителни истражувања за факторите кои го зголемуваат ризикот од развој на потешки форми на ковид-19 и смрт од последиците на болеста кај децата и адолесцентите.

Тој истакна дека се уште не се познати потенцијалните долгорочни ефекти врз здравјето на заразените со коронавирус. И иако децата обично не страдаат од потешки форми на ковид-19, тие страдаат на други начини, рече Гебреизус.

Безбедноста на децата е на прво место
Во многу земји, работата на некои основни услуги, како што се објекти за вакцинација, е нарушена во времето на пандемијата на коронавирус, поради фактот што милиони деца ширум светот не посетувале училиште со месеци, објасни директорот на СЗО.

Тој смета дека, покрај екстремно тешките последици врз децата, младите и општеството во целина, одлуката за затворање на училиштата треба да биде последно средство. Доколку властите на една земја донесат таква одлука, таа треба да биде привремена и треба да се воведе на локално ниво и во оние области каде што се заразени голем број луѓе.

Безбедноста на децата во училиштата не е само задача на училиштата, владите или семејствата, таа е истовремено задача на сите нас, истакна Гебреизус.