СЕКУНДА ГО ДЕЛЕЛА ОД СИГУРНА СМРТ: Драматична снимка од спасувањето на човек на кој му се заглавила количката меѓу шини (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

август 13, 20201min
363992_sina_f

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување на човек чија инвалидска количка се заглави во шините додека возот надоаѓал со застрашувачка брзина.

Ерика Орорија забележала маж во инвалидска количка како се обидува да ги премине шините на преминот во Сакраменто, Калифорнија.

Без размислување, таа истрча од полицискиот автомобил и се упати кон човекот во моментот кога рампата веќе почна да се спушта. Возот веќе се приближуваше со неверојатна брзина.

Таа успеа да стигне до него и го повлече од инвалидската количка во последната секунда.

Видеото го прикажува возот како брзо поминува покрај нив додека паѓаат на земја. Мажот од инвалидска количка се здобил со повреда на ногата и бил пренесен во болница, но животот му бил спасен во последен момент.