Во овој стан е роден Че Гевара: Заради корона вирусот неговото „богатство“ е ставено на продажба

јуни 30, 20201min
Ernesto 'Che' Guevara Holding Cigar

Станот во аргентинскиот град Росарио во кој е роден најпознатиот револуционер Че Гевара, беше пуштен на продажба пред неколку дена.

Бизнисменот, кој е негов сегашен сопственик, наводно банкротирал поради корона вирусот, па тој веќе не е во состојба да се грижи за овој вреден имот.

Неговата идеја била да се претвори станот во музеј посветен на Гевара, но за жал тој никогаш не успеа да го постигне тоа. Таа задача може да им падне на надлежните од градот Росарио, доколку се подготвени да издвојат буџет.

Погледнете како изгледа станот на познатиот бунтовник: