дома Жолта Штампа Бил Клинтон одбил чај со кралицата и свирка со Блер, а ова...

Бил Клинтон одбил чај со кралицата и свирка со Блер, а ова беа неговите неразумни желби!

Бил Клинтон одби чај со кралицата и вечера во Премиерскиот дом, едноставно затоа што сакаше „да биде турист“ и да проба индиска храна за време на неговата прва официјална посета на Велика Британија во периодот кога Тони Блер беше премиер, откриено е во до неодамна тајни документи.

Даунинг стрит, сакаше од секој поглед да му угоди на тогашниот американски претседател, бидејќи неговата посета на Велика Британија беше клучна за „воспоставување добри работни односи“ помеѓу новиот премиер и тогашниот лидер на Соединетите држави. Бакингемската палата соопшти дека кралицата ќе биде „многу среќна“ да ги пречека Клинтонови на чај за време на еднодневната посета на Островот.

Сепак, пренесува Гардијан, иако тие биле „многу благодарни на кралицата за поканата“, Клинтонови ја одбиле понудата, според приватниот секретар на Блер, Филип Бардон, кој додал дека Белата куќа не е заинтересирана ниту за вечера во домор на Блер.

Наместо тоа, Клинтон „сакал да глуми турист“ и да ужива во шопинг и изразувајќи интерес да „вкуси индиска храна“, според документите на Даунинг стрит објавени од Националниот архив.

Многу нешта зависеле од посетата на Клинтонови, а и Британците и Американците сметале дека е важно „претседателот и премиерот да се претстават пред пошироката јавност како млади, динамични и сериозни лидери“.

Американците беа заинтересирани за „забавни“ и „фотогенични“ настани на отворено. Предлозите на Форин Офисот, кои не беа реализирани, вклучуваа и сесија за „претседателот (саксофон) и премиерот (гитара) кои би свиреле накратко заедно (со или без други музичари кои би биле на ручек)“ и „одење во паб (бидејќи од Американците ги сакаат) “.

Предлогот двајцата лидери да прошетаат низ Трафалгар пред да заминат во Спортското кафе во Хајмаркет, каде што „ќе играат разни софистицирани видео игри со деца“, Белата куќа го „отфрли остро“, наведувајќи дека „не се доволно сериозни ”

На крајот, Клинтонови имаа многу слободно време помеѓу прес-конференции и вечери и наместо да одат во индиски ресторан, Блер и Клинтонови беа во францускиот ресторан Ле Пон де ла Тур во близина на Тауер мост каде јадеа риба-лист на скара за 298,86 фунти, пушен лосос и зајак.

И покрај неочекуваните моменти, посетата помина добро затоа што Блер беше најблискиот сојузник на САД за време на својот мандат.

- Реклама -

Социјални мрежи

5,320FansLike

Прочитајте повеќе

Дарија (15) и Иван (11) добија ДЕТЕ , па ја открија измамата: Девојчето сега подготви уште поголем ШОК

Русинката Дарија Суднишникова (15), која минатата година објави дека е бремена од нејзиниот тогаш 10-годишен пријател Иван, подготви нов шок за нејзините родители, роднини,...

Застрашувачки звуци на сирени по земјотресот од 8,2 степени кај Алјаска (ВИДЕО)

Звукот на сирени одекна во градот Кодиак на Алјаска каде утрово се случи силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала. Сирените го...

ГЕНИЈАЛНО ИЛИ НЕЕТИЧКИ?! Како шпански лекар од 19 век ги користел децата како фрижидер за вакцини

Франциско Хавиер де Балмис користел деца за да ја зачува вакцината против големи сипаници за време на неговите патувања во шпанските колонии. Кога Франциско Хавиер...

Слични вести

Џиџи Хадид се прошета со својата ќерка: Сите беа изненадени од позлатената детска количка

Американската манекенка Џиџи Хадид (26) беше фотографирана додека одеше на ручек во Њујорк со својата ќерка Каи, која беше сместена многу скапа количка. Имено, убавата...

Дарија (15) и Иван (11) добија ДЕТЕ , па ја открија измамата: Девојчето сега подготви уште поголем ШОК

Русинката Дарија Суднишникова (15), која минатата година објави дека е бремена од нејзиниот тогаш 10-годишен пријател Иван, подготви нов шок за нејзините родители, роднини,...

Застрашувачки звуци на сирени по земјотресот од 8,2 степени кај Алјаска (ВИДЕО)

Звукот на сирени одекна во градот Кодиак на Алјаска каде утрово се случи силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала. Сирените го...

ГЕНИЈАЛНО ИЛИ НЕЕТИЧКИ?! Како шпански лекар од 19 век ги користел децата како фрижидер за вакцини

Франциско Хавиер де Балмис користел деца за да ја зачува вакцината против големи сипаници за време на неговите патувања во шпанските колонии. Кога Франциско Хавиер...

До 6 август продолжува периодот на многу топло време

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури...