дома Жолта Штампа Дали Чак Норис беше на нередите пред американскиот Конгрес? (ФОТО)

Дали Чак Норис беше на нередите пред американскиот Конгрес? (ФОТО)

Актерот Чак Норис не беше присутен на минатонеделниот протест во Вашингтон, што доведе до упад во Капитол Хил, изјави вчера неговиот менаџер.

Фотографија од човек кој личи на Норис, со еден од демонстрантите, стана вирална на Интернет.

  • Ова не е Чак Норис, изјави за АП менаџерот на Норис, Ерик Крицер.

Тој рече дека актерот е во Тексас со своето семејство.

Во 2016 година, Норис го поддржа претседателот Доналд Трамп.