Пејачката Били Ајлиш се најде во непријатна ситуација, бидејќи веќе некое време ја прогонува непознат маж, изјави Џон Херл.
Американската sвезда беше принудена да го пријави случајот во полиција и да побара забрана за приближување на тој човек, кога тврди дека го следи секој нејзин потег, според TMZ. Тој наводно ја малтретирал, ѝ испраќал заканувачки пораки и имал други „чудни гестови“ во последните шест месеци. Дека работата излезе од контрола, покажува и фактот дека непознатиот маж сè почесто започнал да биде во близина на нејзината куќа во Лос Анџелес, а Били барала заштита најмногу од таа причина.
View this post on Instagram
Според странските медиуми, тој дури и кампувал во блиското училиште во близина на нејзината куќа, а потоа ѝ испратил бројни заканувачки и вознемирувачки пораки. Пејачката тврди дека човекот наводно ѝ напишал дека ќе ѝ го пресече грлото. Една порака особено беше прилично застрашувачка за Ајлиш.
- Не можеш да го добиеш она што го сакаш освен ако не е тоа да умреш за мене. Ќе знаеш дека наскоро водата ќе се издигне и ќе умреж. Ќе умреж – е содржината на пораката.
Пејачката тврди дека Џон ја гледал секој пат кога влегувала и излегувала од куќата и се обидувал да ѝ се обрати со чудни движења. Сето ова влијаело на здравствената состојба на пејачката, бидејќи таа истакнала дека станала вознемирена од страв, многу е исплашена секој пат кога ќе мора да се врати дома или да замине, а исто така се плаши и за безбедноста на нејзините најблиски, пренесува TMZ. Освен што побара Џон да не и приоѓа на неа и на нејзиното семејство поблизу од 200 метри, полицијата вели дека целиот случај се испитува, а непознатиот прогонувач Били сè уште не е уапсен.