Дубаи сè уште го тресе скандал од големи размери што се случи на терасата на познат хотел.
Гостите на хотелот беа шокирани минатиот викенд кога на пространа тераса во еден момент забележаа 15 целосно голи девојки.
На терасата била забележана и една обучена жена и фотограф, додека полицијата за помалку од половина час ги уапсила сите актери на разврат.
Во меѓувреме, „пропеа“ организаторот на доведување на девојчињата и раскажа што имал намера да направи во собата со девојчињата од Украина.
Според локалниот весник „National“, сите девојки доброволно се согласиле да им купат билети од Украина до Дубаи и да учествуваат во позирање за порнографска страница. Во исто време, некои се согласија да снимаат експлицитни сцени меѓу себе.
Откако тие го сторија тоа, вечерта ќе имало оргија, на кој организаторот планирал да донесе „неколку пријатели“.
Како што рековме, полицијата ги уапси сите актери – девојчињата следната година ќе ја поминат зад решетки со парична казна од 1.000 евра, а организаторот малку повеќе.