Поранешниот германски репрезентативец и поранешен играч на Реал, Кристоф Мецелдер (39) е во големи проблеми.
Имено, тој беше обвинет минатата година за поседување и споделување детска порнографија!
Во неговиот мобилен телефон се пронајдени дури 297 порнографски фотографии на деца.
Ниту тоа не беше доволно за него, па тој ги дистрибуираше фотографиите понатаму, преку популарната апликација „WhatsApp“, а приматели беа три жени.
Мецелдер бил пријавен во полиција од неговата поранешна девојка, која и соопштила на полицијата дека и испратил и повеќе од 15 фотографии и видеа со болна содржина.
Мецелдер најпрво ја призна, а потоа ја негираше вината, пренесуваат медиумите во Германија.
Неговото судење е закажано за 29 април.
Metzelder, exjugador del Real Madrid, procesado por pornografía infantil https://t.co/rCwEHLxyLY
— Emilio Fernández (@emilio6fdez) February 22, 2021
Кристоф Мецелдер играше за Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Шалке и со години беше стандарден стопер на германската репрезентација. Мецелдер беше светски вицешампион со Германија во 2002 година, одигра 47 натпревари за „панцирите“, а престана да игра професионален фудбал пред седум години.