Ѕвездата на популарната серија и неговиот сопруг заболеа од корона вирус.

септември 16, 20201min
1

Нил Патрик Харис откри дека целото негово семејство било позитивно на коронавирус. 47-годишникот објаснил дека тој, неговиот сопруг Дејвид Буртка и нивните деветгодишни близнаци Гидеон и Харпер се бореле со вирусот на почетокот на март. Тој рече дека првично сфатил дека нешто не е во ред кога го изгубил чувството за вкус и мирис, што според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) е еден од симптомите на Ковид-19, пишува The Sun. “Мислев дека имам грип и не сакав да бидам параноичен поради тоа, а потоа го изгубив чувството за вкус и мирис, што беше голем показател. Не беше пријатно, но го поминавме тоа”, изјави за Денес ѕвездата на популарната американска серија “How I Met Your Mother “.